Skip to main content
Хроника

Запленети над 150 килограми марихуана во товарно возило на преминот Богородица

12/02/2025  14:37

Во рамките на заеднички оперативни активности на полициските и царинските службеници спречен е обид за меѓународен транспорт на наркотична дрога марихуана. При детаљна контрола на товарно моторно возило – камион, со скопски регистраски ознаки, извршена на граничен премин Богородица, пронајдена е и запленета значителна количина наркотична дрога марихуана за која дополнително ќе биде извршена форензича анализа и вештачење. Според првичните информации, товарното возило влегло од Косово, кое преку Македонија требало да транзитира кон Грција, со крајна дестинација Турција, соопшти МВР.