Skip to main content
Хроника

Тешко повреден кавадарчанец додека местел церада на сканија

12/02/2025  14:00

Кавадарчанец бил тешко повреден додека местел церада на сканија, информираа денеска од СВР Велес.

– Вчера во ОВР Неготино било пријавено дека околу 12 часот на улица „Даме Груев“ во Неготино, Г.Ј. (63) од Кавадарци паднал од товарно возило „сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки, додека ја местел церадата. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во општа болница Кавадарци – информираа од СВР Велес.