Skip to main content
Хроника

Пронајдено и вратено на сопственикот украденото возило оставено отклучено на улица во Гостивар

12/02/2025  12:24

СВР Тетово соопшти дека вчера (11.02.2025) во 19.00 часот на улица „Питарница“ кај Н.А.(62) од Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го пронашле и одзеле патничкото возило „фолксваген поло“ со гостиварски таблици, за кое истиот ден околу 00.10 часот, А.О.(35) од Равен пријавил дека му било одземено на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар.