![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/11/pozar-pozarnikar.jpg)
Мистериозен настан се случил во Бистрица, Велешко, пред шест дена, кога целосно изгорела куќата на 82-годишната М.А..
Според очевидци, старицата била забележана во куќата дента кога се случил пожарот, но и по неколкудневно темелно пребарување, нејзиното тело не било пронајдено во опожарената куќа, пишува Фокус.
Случајот го потврдија од СВР Велес.
-На 05.02.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 22.20 часот во село Бистрица, општина Чашка, настанал пожар во куќа, сопственост на М.А. (82), која била целосно опожарена.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а по кажување на очевидците, сопственичката М.А. последен пат во куќата била видена истиот ден.
На местото излегле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес, по што полициски службеници и екипа на Јавно комунално претпријатие „Тополка“ на Општина Чашка неколку денови вршеле и пребарување во куќата, но не било пронајдено човечко тело, соопштија од СВР Велес.
Од таму додаваат дека поради тоа, 53-годишниот внук на жената, О.М., вчера во СВР Велес ја пријавил неговата баба како исчезната.