По повод Меѓународниот ден за побезбеден интернет денеска во Скопје ќе се одржи неформална средба и дружење на која ќе се разговара за иницијативата „Заедно за интернет без омраза и без врсничко насилство“ на УНИЦЕФ и Фондација Телеком за Македонија.
На средбата, како што информираат од УНИЦЕФ, ќе бидат присутни претставничката на УНИЦЕФ во земјава Лесли Милер и претседателот на Фондацијата Телеком за Македонија Никола Љушев.