Skip to main content
Македонија

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на настанот „Глобален женски појадок 2025“

11/02/2025  08:01

Претседателката  Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се обрати на настанот „Глобален женски појадок 2025“ што ќе се одржи на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Настанот е во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, а по повод 11 февруари – Меѓународен ден на девојките и жените во науката.