Skip to main content
Македонија

„Заедно за побезбеден интернет“ – одбележување на „Меѓународниот ден за побезбеден интернет”

11/02/2025  07:40

Во согласност со залагањата на Детската амбасада МЕЃАШИ за постојано градење безбедна и сигурна средина, насочена кон потенцијалите и можностите за секое дете, како и следење и примена на трендови кои се поврзани со нашата цел, првпат на национално ниво ќе се одбележи „Меѓународниот ден за побезбеден интернет”.

По тој повод Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ организира настан преку кој на национално ниво ќе се започне со развој и подигање на свеста за безбедноста на децата во дигиталниот простор.

 Важноста  на одбележувањето на „Меѓународниот ден за побезбеден интернет” е настан на кој ќе се прикажат и дискутираат опасностите и ризиците во дигиталниот простор.

Овогодинешниот слоган е „Заедно за побезбеден интернет“, а најавено е присуство на ученици, деца, млади, како и претставници на воспитно образовниот кадар и стручни служби од училиштата.

Во рамки на дискусијата, свој увид ќе дадат и претставници од надлежните институции.

– Заедно да почнеме да создаваме заедница во која ќе можат децата, младите и учениците да бидат безбедни во користење на интернет ресурсите и можностите кои произлегуваат од истиот, се наведува во соопштението од Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Република Македонија.