Skip to main content
Свет

Најмалку 51 лице загина кога автобус падна од мост во Гватемала

10/02/2025  20:14

Најмалку 51 лице загина денеска поради лоши временски услови кога автобус во Гватемала падна од мост, потврди портпаролот на градската противпожарна служба.

Преполниот автобус се движел кон главниот град од градот и паднал во провалија длабока околу 20 метри од мостот, пренесува Ројтерс.

Телата на 36 мажи и 15 жени се предадени во мртовечницата, изјави портпаролот на пожарникарите Карлос Хернандез, пренесува „ФоНет“.

Претседателот на Гватемала Бернардо Аревало прогласи тридневна национална жалост.