Skip to main content
Спорт

Плановите на Реал се јасни, се знае кој ќе го замени Анчелоти

10/02/2025  11:15

Карло Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната и покрај тоа што има договор до јуни 2026 година, тврди познатиот шпански новинар Рамон Алварез.

Клубот веќе ја испланирал иднината, а очекувано на клупата ќе седне Чаби Алонсо.

Феноменалниот 43-годишен стручњак стекна огромна репутација благодарение на исклучителните резултати со Баер Леверкузен.

„Планот на Реал Мадрид е кристално јасен. Тие сакаат да го ангажираат Чаби Алонсо како замена за Карло Анчелоти од следната сезона“.

Алварез нагласи дека Анчелоти е целосно свесен за ситуацијата и нема дилема што го чека на крајот од оваа сезона.

„Карло Анчелоти знае дека ова се неговите последни месеци на клупата на Реал Мадрид. Тој знае дека Чаби Алонсо ги одбил понудите од Баерн и Ливерпул и знае дека Реал планира иднина со него”.

Чаби Алонсо ја започна својата тренерска кариера во Реал Сосиедад Б, но со доаѓањето во Баер Леверкузен во 2022 година, го направи вистинскиот потег и започна нова ера во историјата на клубот.

Од друга страна, иако во јуни ќе наполни 66 години, Анчелоти не планира да ја заврши кариерата. Тој често нагласуваше дека не размислува за пензија, а се погласни се шпекулациите дека по Реал Мадрид би можел да стане селектор на некоја репрезентација.