(Фото) Ова е новата девојка на Алекс Родригез? По раскинувањето со Џеј Ло утеха најде во згодната русокоса

Алекс Родригез се забавуваше со русокосата Мелани Колинс на Ибица, за која се шпекулира дека е неговата нова девојка, а еве која навистина е оваа убавица.

Поранешниот бејзбол играч и поранешен свршеник на Џенифер Лопез, Алекс Родригез се забавува познатиот остров Ибица, каде што минатата недела беше снимен на романтична вечера со атрактивната спортска репортерка Мелани Колинс.

Странските медиуми веќе наголемо се распишаа за русокосата која му го заробила срцето по раскинувањето со латино дивата Џенифер Лопез, а иако не ја потврдиле врската, Родригез не се одделува од неа.

Дали е во прашање вистинска љубов или само за да ѝ покаже на Џеј Ло, бидејќи, како што тврдат извори блиски до поранешниот бејзбол играч, сѐ уште не му е јасно како пејачката можела толку брзо да продолжи понатаму…

Преземено од +инфо

Треба да знаете
Последни објави