Фиби Диневор се раздели од момчето Пит Дејвидсон

Актерката од „Бриџертон“ почна да се забавува со sвездата на „Кралот на Стејтн Ајленд“ во февруари оваа година, но сега таблоидите тврдат дека нивната романса згаснува во услови кога напорниот и пребукиран распоред на снимање им отежнува да поминуваат повеќе време заедно.

„Романсата на Пит и Фиби беше вистински виор и во почетокот и двајцата беа целосно посветени. Но, како што минува времето, станува сè поочигледно дека ќе биде тешко да успеат во тоа,“ тврди инсајдер близок до парот.

„Фиби имаше работни состаноци за снимање на „Бриџертон“ во Обединетото Кралство. Во меѓувреме, Пит се врати во САД на снимање на Saturday Night Live. Покрај тоа, тој штотуку започна да работи на нов филм, Meet Cute, со Кејли Куоко.“

Тие последен пат се видоа во јули, и поради ограничувањата за патување во услови на пандемија , не беа во можност да летаат низ светот за да се видат.

„Луѓето не можат само да скокнат во авиони и да летаат низ светот кога сакаат. Ова дополнително ја отежна нивната врска. Првиот знак за ова беше кога Фиби оваа недела со своите пријатели се упати во Хрватска, наместо да оди да го види Пит во Америка”.

Треба да знаете
Последни објави