Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на денот се завршени сите потребни контроли и проверки по однос на мноштвото електронски дојави за наводно поставени експлозивни направи во многу основни и средни училишта во државава, при што е констатирано дека во сите случаи станува збор за лажни пријави, се истакнува во соопштението.
„Министерството ја информира јавноста дека во насока на ефикасно, планско и координирано делување а по утринските пријави за упатени закани по електронски пат беше формиран и оперативен штаб и беа ангажирани сите надлежни и стручни полициски служби. Министерството уште еднаш апелира до граѓаните за избегнување од секакви дезинформации и шпекулации по однос на оваа појава“, велат од МВР.