Skip to main content
Македонија

Мајка на две малолетни деца се бори за живот: Да донираме за Емилија

07/02/2025  11:11

Емилија е 46-годишна жена од Крива Паланка, мајка на две малолетни деца, која се бори со една од најтешките болести – малигна неоплазма на билијарно стебло. Таа се лекувала на клиниката за дигестивна хирургија и моментално е упатена на Онкологија, но нејзината состојба бара постојано лекување и трошоци кои не може да ги покрие.

Со текот на времето, финансиската состојба на нејзиното семејство се влошува, а Емилија со оглед на тоа што е невработена, не може да обезбеди ниту минимални приходи, па е принудена да бара помош од пријатели и роднини, а сега и од сите нас. Нејзината состојба бара редовни контроли, медицински процедури, дикагностики и ред други трошоци, кои за жал веќе се надвор од можностите на нејзиното семејство.

Како што може да се претпостави, на таков начин на живот и постојан притисок поради здравствените проблеми, жената и нејзиното семејство се во огромна потреба од помош. Вашата поддршка може да им помогне да се справат со трошоците и да продолжат со лекувањето што за Емилија живот значи.

Повикот за помош е искрен и споделен со надеж дека хуманоста и солидарноста ќе го направат разликата во животот на Емилија и нејзиното семејство.

Вашата помош е од исклучителна важност.

Линк каде може да донирате преку платформата на ecrowd.mk

Буџет на кампањата
Потребните финансиски средства изнесуваат 300000 денари и ќе бидат користени во понатамошниот третман и лекување на Емилија.

Донираме најбезбедно и најтранспарентно со картичка со притискање на копчето Поддржи ја кампањата на овој линк, и тоа од 100 до 6000 денари по картичка на ден.

Донираме и на банкарска сметка на Фондација Икрауд (молиме да се користи само за суми над 6000 денари):
Име: Фондација Икрауд
Сметка: 270078016610134
Банка: Халк Банка
Опис: За Емилија
Шифра: 562