Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари голем триумф на стартот од квалификациите на Челинџер 125 турнирот во Братислава, Словачка.
Ивановски во два сета, два пати на тај-брејк (7:6(4) 7:6(3)) го совлада Американецот Александар Ковачевиќ кој се наоѓа на 99. место на АТП листата. Мечот траеше еден час и 40 минути.