Вчера во 17.40 часот полициски службеници ги лишиле од слобода П.Л.(40), Т.Б.(42) и М.Ј.(32) сите од Свети Николе, по претходна пријава дека во с.Пуздерци, пробиштипско, во дворот на семејната куќа на Е.Е.(51), физички го нападнале, а при тоа употребиле и тврди предмети.
Дополнително му се заканувале, при што П.Л. извадил пиштол, за кој подоцна било констатирано дека бил пластичен.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.