Search

На штипскиот Универзитет обука за студентите за социјално претприемништво

 Триесетина студенти од повеќе универзитети во Република Северна Македонија учествуваат во Обука во рамките на проектот „Социјалното претприемништво преку призмата на Еразмус+”, организиран од страна на Одделението за меѓународна соработка на Универзитетот „Гоце Делчев” во соработка со WBAA (Western Balkans Alumni Association). Универзитетскиот професор на Економски факултет-Штип, Тамара Јованова-Апасиева вели дека обуката се занимава со со нов концепт на деловно работење кое како цел нема максимизирање на профит на индивидуи туку пред сѐ решавање на социјални и еколошки проблеми во едно општество.

– Темата е многу важна и актуелна и на глобално ниво, а како пример можеме да ја спомнеме и ЕУ, во која покра тоа што се работи за развиени економии, сепак се придава големо значење на оваа проблематика, и во истата 10 отсто од БДП отпаѓа на социјални претпријатија, а секое четврто новоотворено претпријатие е социјално претпријатие. Оттаму може да видиме дека проблемите кои ги имаме ние ги имаат и сите останати економии, и во зависност од тоа колку ќе се посветиме на нивно решавање такви резултати и ќе имаме, вели Јованова-Апасиева.

Во наредната два дена студентите ќе научат начин на формирање на социјално претпријатие, изработка на конкретен бизнис модел, а Јованова-Апасиева се надева на доста креативни идеи од страна на учесниците, кои ќе резултираат со нивна идна апликација во праксаСтудентката на Економски факултет-Штип, Сања Велакова самата се пријавила на обуката, бидејќи по завршувањето на факултетот има идеа за создавање на сопствен бизнис.

 – Сакам да го збогатам моето знаење од областа на социјалното претприемништво за кое имам некои основни познавања и затоа се пријавив за оваа обука. Овие обуки што ги организира факултетот обезбедуваат ние студентите да се надградуваме и да се рангираме повисоко во однос на тоа каде сме биле пред обуката, вели Велакова.

Треба да знаете
Последни објави