Skip to main content
Хроника

Тешко повреден тракторист откако излетал од пат

03/02/2025  21:56

На 02.02.2025 околу 16.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во с.Разловци, делчевско, К.К.(52) од село Разловци, управувајќи трактор „имт“ на некатегоризиран пат во селото, изгубил контрола и излетал од патот.

-Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ„Гоце Делчев“ во Делчево, а увид на местото извршила екипа од ОВР Делчево, информира МВР.