Иранските власти денеска соопштија дека предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преместување на Палестинците од Појасот Газа во Египет и Јордан претставува „етничко чистење“.
„Мислам дека меѓународната заедница мора да им помогне на Палестинците да го добијат правото на самоопределување и да не промовира други идеи што би претставувале етничко чистење“, рече портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Емсаил Багаи на прес-конференција.
Трамп неодамна предложи преселување на жителите на Појасот Газа, уништен од повеќе од 15 месеци војна меѓу Израел и палестинското движење Хамас, во Јордан и Египет.
Американскиот претседател рече дека жителите на Газа „може да живеат во многу побезбедни и можеби многу поудобни области“.
Неговиот предлог предизвика бран на осуда на Блискиот Исток и Европа, пренесуваат светските агенции.
Аман и Каиро цврсто ја отфрлија идејата.