Skip to main content
Хроника

Приведени двајца разбојници во Куманово, следува соодветна пријава

31/01/2025  15:17

На 31.01.2025 во 08.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.З.(34) и В.М.(40) од Куманово. Тие се сомничат дека претходно во продажен објект на улица „11 Октомври” во Куманово со закана со остар предмет кон вработената одзеле пари од дневниот промет.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.