Skip to main content
Македонија

Марш од „Силбо“ до Собранието: Студентите бараат безбедни улици

31/01/2025  14:49

Студентските организации денеска организираа протестен марш од местото на несреќата кај „Силбо“ до Собранието, во чест на 22-годишната Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

„Фросина е жртва на системот и неказнивоста“, порачаа студентските организации, нагласувајќи дека маршот е протест против институционалната негрижа. Тие побараа построги санкции за рецидивистите во сообраќајот и итна имплементација на системот „Безбеден град“.

Присутните запалија свеќи во чест на Фросина и испратија јасна порака – никогаш повеќе ваква трагедија!