Skip to main content
Свет

Нов предизвик со парацетамол на Тикток – предупредување за ризичност

31/01/2025  14:39

Неколку кантони во западна Швајцарија предупредија на опасностите од „Парацетамол предизвикот“ што младите се почесто го изведуваат на социјалната мрежа ТикТок.

Како дел од „предизвикот“, млади и деца се предизвикуваат меѓусебно да земат високи дози од аналгетикот парацетамол, често со фатални последици, јави Свисинфо.

Здравствените власти во кантоните Фрибург, Јура и Вауд предупредија на ризиците од оваа практика и ги повикаа аптеките да бидат повнимателни кога го продаваат лекот на младите луѓе.