Денеска (31.01.2025) во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.01.2025 во 10.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(30) од с.Шишево, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.01.2025 во 19.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол со рамка „зораки“, муниција и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.