Полицијата вчера го уапси 23-годишниот А.Љ. од Дебар кој на улицата „Јусуф Багери“ управувал со возило „мерцедес“ и не застанал на полициска патрола.
По преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Есат Мезелџиу“ и било констатирано дека не поседувал возачка дозвола и дека возилото го управувал под дејство на алкохол.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски извори потврдуваат дека А.Љ. имал 2,52 промили алкохол во крвта.