Skip to main content
Хроника

Свекор полово ја вознемирувал снаата додека сопругот бил на пат

31/01/2025  13:00

Свекор полово ја вознемирувал снаата додека сопругот и бил во странство.

Таа го пријавила, по што бил задржан во полициска станица.

-На 30.01.2025 во 13.50 часот во СВР Тетово се пријавил Ш.М.(55) од тетовско село, кој претходно бил пријавен од неговата 31 – годишна снаа од Косово, со регулиран престој во селото, дека во неколку наврати извршил кривично дело „полово вознемирување“ врз неа, казниво по член 190-а став 1 од Кривичниот законик, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.