Skip to main content
Хроника

Кривична пријава за екс директорот на ЈП „Национални Шуми“ подружница „Галичица“ Охрид

26/10/2024  13:42

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од селото Велмеј, општина Дебрца, и З.Ж.(59) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Второпријавениот З.Ж. како тогашен самостоен референт за користење, заштита и одгледување на шуми во истото јавно претпријатие,  со свесно неизвршување на должните службени обврски и невршење должен надзор,  дозволил и одобрил сеча на дрвна маса во истата шумската единица „Буково“.

Со тоа, пријавените, на јавното претпријатие му предизвикале материјална штета од 827.576,66 денари.