Skip to main content
Музика

На 21 март закажан и трет симфониски концерт на Здравко Чолиќ во Скопје

29/01/2025  15:42

„По рекордно распродадените два концерта на Здравко Чолиќ со симфониски оркестар во Скопје, неверојатниот интерес не само што не стивнува туку барањата од публиката се уште поинтензивни, а за сите вас со задоволство организираме и трет концерт во следниот слободен термин и локација за овој ексклузивен музички настан:

📅 Датум: 21 МАРТ 2025
📍 Локација: СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – СКОПЈЕ

Огромна благодарност и на беспрекорниот артист Здравко Чолиќ кој за оваа прилика го прилагоди својот распоред за да можеме со уште еден дополнителен концерт и тоа пред викенд, да возвратиме на барањата на сите оние кои за овој настан ќе допатуваат од други градови и земји.

Влезниците се во продажба веднаш, онлајн на www.mktickets.mk

Важно: Поради форматот на концертот, салата „Јане Сандански“ ќе биде исполнета исклучиво со места за седење, а тоа значи намален максимален капацитет и повторно апел за публиката навреме да ги обезбеди своите влезници.

Легендарниот Здравко Чолиќ по шест години се враќа ексклузивно во Скопје, за прв пат со симфониски оркестар и несомнено со најпопуларниот концерт за 2025 година!“, велат од mktickets.mk.