Ракометната експедиција се подготвува за лет во Чешка, а РФМ ги пушта во продажба влезниците за реваншот во Скопје

Македонската машка ракометна репрезентација утре со чартер-лет од Скопје ќе замине за Чешка каде в среда (19.15 часот) во Злин ќе го одигра првиот меч од баражот против домашната селекција за пласман на СП што на почетокот од идната година ќе се одржи во Полска и Шведска. Македонската експедиција со авион ќе патува до Острава од каде ќе има уште едночасовно возње со авобус до Злин, од каде веднаш по мечот се враќа назад бидејќи в недела (19 часот) во Скопје ги очекува реванш-дуелот со Чешка.

За овој дуел закажан за в недела (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ денеска напладне РФМ најави дека ќе ги пушти во продажба влезниците по цена од по 100 денари. Истите ќе може да се купат онлајн на mktickets.mk, како и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави