Претседателската награда на УЕФА за Кантона

Поранешниот напаѓач на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед и француската репрезентација Ерик Кантона е добитник на претседателската награда на УЕФА, објавено е на официјалната веб-страница на организацијата.

– Оваа награда не е само признавање на кариерата на одличен играч со уникатен талент, неспоредлив стил на игра и непобитна харизма, туку исто така ве почестува заличноста што сте и што станавте. Личност која одбива да направи компромис, ги брани своите вредности, го изразува своето мислење и, што е уште поважно, го става своето срце и душа за поддршка на оние работи во кои верува, се цитира на веб-страницата на УЕФА, изјавата на претседателот на организацијата Александар Чеферин.

Наградата на Французинот ќе му биде доделена на церемонијата што ќе се одржи утре во Монако.

Треба да знаете
Последни објави