Сириските власти почнаа со обнова на инфраструктурата во Кан Шејкун

Сириските власти почнаа со реконструкција на инфраструктурните системи во градот Кан Шејкун, сместен на југот на провинцијата Идлиб, изјави портпаролот на рускиот Центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, генерал-мајорот Равил Мугинов, додавајќи дека жителите на градот се враќаат во своите домови, пренесува ТАСС.

Сириската армија го објави ослободувањето на Кан Шејкун на 23 август.

Според Мугинов, руската војска во понеделникот доставила хуманитарна помош во градот. Тој посочи дека снабдувањето со електрична енергија е обновено и додаде дека градската администрација вложува максимални напори за да го обнови нормалниот живот.

„На пат до овде видовме дека многу патишта се веќе санирани, се отстранува отпадот. Секако, има уште многу да се стори и рускиот Центар за помирување ќе даде сè од себе”, истакна Мугинов.

Странските известувачи во градот, особено оние од Грција, Бугарија и од Италија, ја истакнаа важноста на ослободувањето на Кан Шејкун.

„Кан Шејкун остана подолго време милитантно упориште, 2.500 милитанти се доселиле тука од други земји. Ослободувањето на областа од терористите е важна стратешка задача“, рече италијанскиот известувач Џан Микалесин.

Треба да знаете
Последни објави