Skip to main content
Македонија

Деаноски: Ако Владата сакаше дијалог, досега ќе бевме седнати на маса и немаше да бидеме на улица

16/01/2025  14:29

Прашан дали има притисоци за вработените да не излегуваат на протестот, Деаноски рече дека такви случаи има во некои министерства, но оти во Државниот завод за статистика тоа не е случај.

Владата наместо да пишува соопштенија и да негира се што ќе кажеме ние, а не е воопшто во право, треба да најде начин како да го реши овој проблем. Ако Владата сакаше дијалог досега ќе бевме седнати на маса и немаше да бидеме на улица. Ова го изјави денеска претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски, на третиот ден од протестот на вработените во шест министерства и две институции кои бараат зголемување, односно додаток на нивните плати од 30 проценти.

Изјавата на Деаноски доаѓа откако од Владата вчера преку писмено соопштение, кое беше испратено по одржаниот полчасовен протест на вработените, рекоа дека се подготвени да седнат на маса и да ги разгледаат сите предлози од страна на синдикатите за да се постигне договор.

Според Деаноски, до сега ги завршиле сите средби со ресорните министри од каде добиле поддршка и направени се колективните договори, но како што рече, тие не се потпишани