Skip to main content
Македонија

Трипуновски: Министерството заедно со земјоделските здруженија ги креира Програмите за 2025 година

11/01/2025  14:58

„Денес на моја иницијатива со повеќе од 30 здруженија се одржува работна средба со единствен реден ред, а тоа е разгледување на предлог Програмите за субвенционирање за 2025 година, поточно Програмата за директни плаќања и Програмата за рурален развој”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Темата на овој состанок е заедно со земјоделските здруженија да креираме Програми кои што ќе значат поттикнување и враќање на земјоделското производство во Република Македонија”, појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека ова е само еден од состаноците кој што се одржува денес и наредните денови ќе има и со останатите чинители во земјоделскиот сектор.

„Ќе работиме заедно за да донесеме Програми кои што ќе значат развој на македонското земјоделство. Ова што го правиме како активност е отварање во вистинска смисла на зборот вратите на Министерството се со цел заеднички и партнерски да работиме во делот на секторот”, истакна министерот.