Skip to main content
Македонија

Национализмот е последниот крик на глупоста

10/01/2025  08:41

Пишува: Проф. д-р Иван Анастасовски

Паметам, веќе релативно далечната 2002 година кога Македонија се креваше по воениот конфликт кој ја зафати во период од месец јануари до месец номеври 2001 година. Тогаш за прв пат се решив да се обидам преку политика и дијалог да ги менуваме работите, да разговараме, да се убедуваме за тоа каква иднина сакаме и каква иднина не очекува во Македонија.

Влегов во Собранието на Македонија преку победата на парламентрни избори во 2002 година на таканаречениот 15ти септември цврсто верувајќи како млад човек дека идеите на Црвенковски се тоа што и треба на оваа држава и никако во тој момент понесен од еуфоријата која за зафати Македонија за промени да размислам трезвено и рационално како тоа може еден премиер во една држава да вработи по еден член од семејството, но тоа е далеку зад нас и она што ми е поента овде е тоа дека единствено нешто позитивно од таа огромна победа и одлуката на нашиот народ да гласа на мир и соживот, и при тоа јасно и недвосмислено му даде црвен картон на националистите и таквите популисти кои ја втурнаа Македонија во конфликт.

Во принцип се што беше презнетирано на тие избори како платформа еднствено за кое цврсто верував тогаш но верувам и сега е одржувањето на мирот и стабилноста на нашата држава преку градење на силни меѓуетнички конекции и можност за секој поединец да може да успее во оваа држава без оглед на својата верска, политичка, етничка или некоја друга припадност.

Тие денови на мое дејствување кои од првиот миг па се до ден денес се исклучително насочени кон наше полноправно членство во ЕУ, силно одлучив да го бранам и промивирам тогашниот Охридски рамковен договор кој беше гарант за ставање на крај на конфликтот и давање можност на Македонија да оди напред да се развива кон својата стратешка цел ЕУ и НАТО.

Паметам како сега, колку беа тешки тие мигови за нас поедниците кои бевме дел од мултиетничките средини на живеење и при тоа се трудевме тоа да го покажеме и манифестираме преку промовирање и одбрана на договорот од Охрид во Собранието. Факт е тоа дека, ниту еден договор не може да биде добар но таков како што беше мораше да се спроведува и тоа пред се на грбот на мнозинскиот народ и при тоа задирајќи во емоциите кои беа многу силни и кај македонците и кај албанците.

Денес, 34 години потоа Македонија е членка на НАТО и се одржува во оваа форма благодарение на нашите партнери Соединетите Американски Држави (без оглед кој како гледа на тоа), но она што ме загрижува е тоа дека иако тргнавме кон западниот европски свет сепак голем процент од мнозинскиот народ без оглед на тоа што низ годините гласал за тој пат, сепак почнува да истакнува сомневање (можеби дел и со право) за тој пат и се насочува кон Русија како опција за нашата иднина.

Ако се споредува влијанието од секој аспект на западот наспорти истокот гледно конкретно преку економски показатели јас лично сум убеден дека кај нас во Македонија доминантно поголем број на инвестиции, а ги има поголем број на европски, значителен број на турски, и по нешто од Балканот, би рекол наспорти некоја руска ако тука би можело Лукоил да се вкалкулира (но не сум сигурен дека) или пак некоја сериозна руска донација за развој на одредени ресурси во државата, но перцепцијата кај мнозинство кои се хранат со националистички идеи укажува дека им веруваат, а од друга страна истите тие националисти се одлучуваат да одат на печалба према запад кон тој изопачен безвредносен според нив западен свет кој секап има доблест му даде можност за секој еден поединец да живее да работи и заработува во нормални околности.

Исто така, многу лесно се заборава дека нашиот град Куманово и солидно мнозинство на наши сограѓани живеа и живеат коректно токму од политиките на Соединетите Американски Држави кои цврсто беа решени да помогнат на нашата заедница и нашите граѓани преку обезбедување на работа за поголем број на наши сограѓани и ден денес обезбедуваат.
Јас секогаш држам до своите ставови и тоа како тогаш пред 34 години исто и ден денес сум конзистентен околу тоа дека западот е наша иднина и соживотот е наша опција наспроти национализмот и популизмот. Но сепак, после толку години денес имам чувство дека се некако пак се враќаме на почетокот, и тоа преку промовирање на националистичка реторика и тези од аспект на тоа дека Ахмети не изгубил војна (?) незнам во колку војни бил но да го ставиме тоа пострана и да видиме дали тоа има некоја сериозна основа или е само политичка парола да се одржуваат партиските членови во кондиција.

Понатака, еден бугарски политичар ја тестирата идејата за припојување на Македонија и Бугарија што покажува на тоа дека има територијални претензии кон нас, а деновиве да не заборавиме и Трамп коментира јавно за одредени територијални поместувања со Канада и Панама, од друга страна Макрон го повика Киев дека треба да биде реален за територијалните прашања и ако на ова се додаде фактот што еден од поголемите градови на Украина Лвив од 1434 година, бил регионален главен град на Рутинското војводство во Кралството Полска, не насочува кон тоа дека не случајно војните бази од Ирак и Авганистан се преместија во Полска што некако укажуваат на тоа дека нешто се крчка во националистичкиот лонец.

Веројатно, оваа е време кога е потребна огромна сериозност кај сите политички чинители во нашата држава особено тоа долго посакувано единство за стратешките прашања првин кај македонски партии а потоа истото би требало да се очекува и од сите албански партии во Македонија да застанат силно зад тоа заедништво. Факт е тоа дека Владата е исправена сега пред големи предизвици и ќе мора да го одигра секој потег многу мудро и многу внимателно. Ние како македонци никогаш не сме имале ниту сме манифестирале територијални претензии наспроти некои наши соседи (единствено несреќната изјава за тоа дека Солун е наш и одржување на конгрес во Солун) кои веќе се надминати и апстрахирани. Во принцип не би можеле да се носат разумни одлуки а при тоа да се манифестира шовинизам и национализам со цел да се собираат политички поени.

Затоа време е тој тип на политичари како што е дотичниот Костадинов кој реално мислам дека ќе заврши како Каракачанов на маргините да исчезнат, оти сепак сум убеден дека народите на овие простори не сакаат националисти и популисти кои на преден план ја имаат само својата кариерата. Во 2023 година јавно реков и сега ќе повторам во контекст на политиките се манистетираа особено од поединци во Бугарија дека “Национализмот е последниот крик на глупоста“. Панама одговори одлучно, Канада беше децидна кон Трамп, затоа и нашата Влада би требало да побара од бугарските власти да ја осудат оваа ступидна изјава на Костадинов со што ќе покажат гест на добар волја кон нас македонците и сите други етникуми кои живеат во Македонија.