Skip to main content
Македонија

Стефан Богоев меѓу приведените во денешната акција?

02/06/2026  16:54

Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство, денеска спроведе акција во која се обезбедени четири лица осомничени за наводни злоупотреби поврзани со тендерска постапка која произлегува од Управата за царинско работење.

Според првичните информации објавени во одредени медиуми, меѓу приведените е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешен потпретседател на СДСМ и екс градоначалник на Општина Карпош.

Осомничените, според информациите, се товарат за злоупотреби, финансиски малверзации и сомнежи за незаконитости поврзани со постапка за јавна набавка