
Метео анализа на Славчо Попоски
Под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, од денес до четврток (2/4 Јуни 2026) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално и повремено атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
Повремено ќе дува засилен ветер од западен правец. За време на погоре споменатиот период лоално ќе наврне позначително количество на дожд (над 20 литри на метар квадратен дожд).
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а повремено ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен. Пониски температури и малку посвежо време ќе имаме во Четврток на 4 Јуни кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 28 степени.
