Skip to main content
Свет

Во пожарите во Малибу изгоре и куќата на Хантер Бајден

09/01/2025  18:58

Куќата на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател во заминување – Џо Бајден изгоре во пожарите во Малибу, објави „Дејли мејл“.

Информациите се дека оваа куќа, која се наоѓа во Пацифик Палисадес, Хантер Бајден ја изнајмувал за 15.800 долари месечно.

Американскиот претседател Бајден изјави претходно на прес-конференција дека „не е сигурен за судбината на куќата на неговиот син“, но дека Хантер бил информиран дека е можно куќата да изгорела.

– Неверојатно е ова што се случува. Мојот син и неговата сопруга беа известени дека најверојатно нивниот дом е изгорен, но денеска изгледа дека можеби сè уште стои, иако не сум сигурен – изјави претседателот на САД.

Оваа куќа беше само еден од неколкуте луксузни имоти што Хантер ги изнајмуваше во последните години.