
Во центарот на Белград, во близина на седиштето на Републичката изборна комисија (РИК), денес беа поставени заштитни огради, а некои улици беа затворени за сообраќај. Присутна е и полиција, додека возилата на јавниот превоз сообраќаат по изменети рути.

Според репортерот на ФоНет, сообраќајот е во прекин во делот од улицата Крал Милан, од раскрсницата во близина на Лондон кон Теразија, каде што се поставени заштитни огради.
Огради се поставени и на Теразија, а блокиран е и преминот на возила од правец на Теразија кон улицата Крал Милан.
Поради затворањето на улиците, променети се трасите на одредени градски транспортни линии на потегот од Славија до Теразија.

