Во петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег.
Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, во сабота врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и во пониските места. Локално се очекуваат пообилни врнежи.
ВРЕМЕТО УТРЕ
По котлините во поголем дел од денот ќе биде тивко со појава на магла или ниска облачност. Во останатите делови сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, претежно облачно и тивко со појава на магла.