Skip to main content
Живот

Со бадникарскиот оган православните христијани утре го почнуваат славењето на Бадник и Божиќ

04/01/2025  14:53

Во духот на верувањата во пресрет на празникот Бадник, верниците од сите населени места утре вечер палат бадникарски оган кој, според верувањата го симболизира загревањето на пештерата кај Витлеем во која се родил Исус.

Празникот Бадник се дочекува надвор, крај огнот, со чашка греена ракија, со погача, со македонски песни и ора, со желби за здравје и бериќет.