Skip to main content
Македонија

Мојсоска: 2025 е изборна година – Левица ќе има централна улога во обликувањето на политичките текови до локалните избори

03/01/2025  10:35

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

,,2025-та година е изборна и голема година за политичката сцена во Македонија. Како што покажуваат досегашните резултати, Левица успеа да се наметне како клучна политичка сила во Македонија, со јасна идеолошка позиција и директна комуникација со граѓаните. Во контекст на изборната година, партијата ќе продолжи со засилен теренски активизам, организирање на собири и користење на социјалните мрежи за ширење на својата порака”, додава Мојсоска.

,,На парламентарните избори во 2024-та, постигнавме значителен успех со освојување на пратеничките места што овозможи партијата да стане главен критичар на власта и бранител на интересите на работниците и маргинализираните групи. Овој моментум, доколку се пренесе на локално ниво, може да значи дека Левица ќе се фокусира на општините каде што традиционално ужива силна поддршка, како што се Скопје, Велес и други урбани средини.

Локалните избори се одлична можност за Левица да ја потврди својата основна идеологија – борбата против корупцијата, клиентелизмот и неправдите на локално ниво. Позиционирањето на енергични кандидати со блискост до граѓаните во трката би можело да донесе нови победи за партијата. На изборите очекуваме влез во вториот круг во голем број урбани општини”, вели Мојсоска.