Оружјето со кое е убиена Вања се уште не е пронајдено

На судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска поранешниот помошник началник од Скопје, Музафер Каишиќ, даде детали за истрагата. Една од клучните точки што ја истакна беше фактот дека оружјето со кое е извршено убиството до денес не е пронајдено.

На прашања од бранителот на Љупчо Палевски, Каишиќ потврди дека и покрај интензивните претреси и истражни дејствија, пиштолот со кој се извршени овие жестоки кривични дела не е пронајден.

Треба да знаете
Последни објави