Ана Ивановиќ му се врати на тенисот

Прославената српска тенисерка Ана Ивановиќ се враќа на тенисот.

Таа нема да игра натпреварувачки туку егзибициски меч. Ивановиќ е пензионирана од тенисот уште од 2016 година. 

Ана ќе учествува на егзибиционен турнир во Луксембург од 17 до 20 октомври на „Luxembourg Ladies Tennis Masters“.

Покрај српската тенисерка на турнирот ќе учествуваат уште и Мартина Хингис, Флавија Пенета, Доминика Цибулкова, Андреа Петковиќ, Кирстен Флипкенс, Магдалена Рибарикова и Лаура Робсон.

Во својата кариера Ана, освои шест ВТА турнири и еден грен слем турнир. Ана Ивановиќ успеа да го освои Отвореното првенство во Франција 2008, победувајќи ја во финалето Динара Сафина, а веќе со самото пласирање во финалето на тој натпревар станала тенисерка број еден на ВТА листата, кое за брзо време го загуби.

Треба да знаете
Последни објави