Белград и Абу Даби главни кандидати за завршницата на Евролигата

Завршницата на кошаркарската Евролига во сезоната 2024/25 ќе се игра во Белград или Абу Даби.

Ф4 никогаш не бил организиран надвор од Европа, па префрлувањето во Абу Даби би било сосема ново искуство.

Белград претходно на два пати ја организираше завршницата на Евролигата, а во 2018 година кога шампион стана Реал Мадрид и во 2022 кога шампион стана Анадолу Ефес.

Белградската арена исто така минатата сезона беше домаќин на Ф4 во Лигата на шампионите 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави