Драматична ситуација во Грција: Се запали рафинерија, наредена итна евакуација

Голем пожар избувна попладнево во грчката нафтена компанија „Мотор оил“ што се наоѓа во градот Агии Теодори во близина на автопатот меѓу Атина и Коринт.

На сите околни населени места им била испратена порака за евакуација. Мобилизирани се и копнени и воздушни сили.

Интервенираат 35 пожарникари и три хеликоптери.

Со свој став излезе и компанијата „Мотор оил“

„Денеска, 17 септември, од засега непознати причини избувна пожар од големи размери во делот на единиците за рафинирање на јужната рафинерија на Мотор Оил во Аги Теодори. Ситуацијата е под контрола. Од пожарот полесно се повредени тројца вработени од фирма-изведувач, кои се пренесени во болницата Коринт и им е укажана неопходната нега. Од почетокот на инцидентот сме во континуирана соработка со надлежните служби. Им благодариме на Противпожарната служба и нејзините луѓе за соработката од првиот момент“ велат од компанијата.

Треба да знаете
Последни објави