Ферлин Менди останува во Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферлан Менди постигна договор со клубот и ја продолжи соработката.

Како што пренесува шпанска „Марка“, францускиот дефанзивец постигнал договор со клубот за продолжување на соработката на уште две сезони до летото 2027 година.

Менди на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна пред пет години, требаше време да се адаптира, имаше проблеми со повреда, но прерасна во еден од најважните дефанзивци во тимот на шпанскиот великан.

Треба да знаете
Последни објави