Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава

Манастирот „Свети Јован Бигорски“ ги кани верниците на традиционалното одбележување на главата манастирска слава Свештената Бигорска Обител, во спомен на Отсекувањето на чесната главата на Свети Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован.

За таа цел од манастирот посочуваат дека во вторник во 18 часот ќе има празнична Вечерна богослужба, на која ќе претстои Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во текот на богослужбата, тројца членови од нашето братство ќе бидат вброени кон рамноангелскиот монашки чин.

За среда е предвидено во 7:30 часто да почне утринската богослужба.

Треба да знаете
Последни објави