Ученик нападнат од соученици на Бит Пазар, друго дете жртва на закани со нож – МВР со детали

Малолетно момче во текот на вчерашниот ден било нападнато на Бит Пазар од неколкумина негови соученици.

За случајот, во полицијата алармирала мајката на нападнатото дете.

МВР информира за уште еден случај со насилство на Бит Пазар.

М.Б. (34) од Скопје пријавил дека малолетник со остар предмет се заканувал на неговиот малолетен син.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.

Треба да знаете
Последни објави