Тешко повредена малолетничка откако со скутерот се судрила со автомобил од Австралија

Вчера во 07:15 часот во СВР Битола било пријавено дека е тешко повредена малолетничка откако во неа удрило патничко возило „цитроен Ц4“ со австриски национални ознаки, управувано од П.Ј.(54) од Република Австрија. Несреќата се случила на крстосница од ул.„Генерал Васко Карангелевски“ и ул.„Игњат Атанасовски“ во Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Треба да знаете
Последни објави