Пожарна не може да пристапи од непрописно паркираните возила, жителите панично бараат помош – драматични снимки од пожарот кај Кисела Вода

На видеата кои ги објави ТВ21 може да се види како пожарната не може да пристапи до запалениот Расадник во општина Кисела Вода од непрописно паркираните возила. Жителите панично бараат помош.

Пајак службата ги отстранува возилата кои се непрописно паркирани и оние кои пречат на пожарната да стигне до пожарот.

Наставата во основното училиште Круме Кепески е прекината, родителите добија порака да ги земат своите деца.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.

Пламените јазици се близу станбените згради што се наоѓаат близу Расадник.

„Во овој момент беснее шумски пожар во расадникот. Горат ореови дрвја грмушки и трева, пожарот се шири во сите насоки. Има екипи од скопските пожарникари. Околните објекти верувам ќе бидат заштитени. Има бензиска пумпа во близина, а во близина се и зградите во Кисела Вода, пожарот се шири на сите страни. Нема потреба од вознемиреност без разлика од густиот и црн чад, верувам дека пожарникарите ќе го изгаснат овој невообичаен и апсурден пожар“, рече Стојанче Ангелов директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Треба да знаете
Последни објави