Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони вода врз пожарите на Илинска планина, Беласица и Градманци  

Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење на три пожари. Во раните утрински часови полициски хеликоптер од типот Бел-412 со хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи почна да дејствува на пожарот на Илинска планина.

Во текот на денот, по разгорување на пожарот на Беласица  хеликоптерот беше упатен да дејствува врз овој пожар, а потоа и врз пожарот што изби во атарот на село Градманци, општина Петровец. Во текот на денот на пожарите се дејствуваше во 30 налети при што се исфрлени 45 тони вода, информира МВР.

Треба да знаете
Последни објави