Осуммина повредени од удар на гром, три деца се во животна опасност во Германија

Осум лица се повредени во удар на гром за време на силното невреме што вчера го погоди Делменхорст во Долна Саксонија во Германија, пренесува „Билд“.

Инцидентот се случил кога група возрасни и деца побарале засолниште од невремето под блиското дрво во паркот кое било погодено од гром.

Три деца меѓу повредените се во животна опасност.

Итниот повик дошол во 16 часот и 15 минути откако гром удрил во паркот „Графт“ во Делменхорст, а само неколку минути по повикот пристигнале првите спасувачи кои им помогнале на повредените.

Момче (5) и девојче (14) биле реанимирани на лице место и со повреди опасни по живот префрлени во болница.

Во болницата каде што им била укажана лекарска помош се пренесени и мајката (38), нејзиниот сопруг (40), ќерките две и девет години, дванаесетгодишниот син и 31-годишниот братучед, јавува Танјуг.

Треба да знаете
Последни објави